Почина жената која тврдеше дека го родила Путин и го оставила во сиропиталиште

Владимир Путин/Фото: EPA-EFE/MIKHAEL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Жената која тврдеше дека го родила рускиот претседател Владимир Путин, почина без пари во селото Метеки, Грузија.

Како што пренесува британскиот весник „Дејли мејл“, Вера Николаевна Путина до крајот на животот не престанала да кажува дека е мајка на моќниот човек на Кремљ. Но, тој и го сврте грбот…

Таа со години тврдеше дека Путин и е син, кого на барање на очувот беше принудена да го испрати кај баба му и дедо му.

Вера првпат тврдеше во 1999 година дека таа е мајка на Путин, а Путин го негираше тоа пишувајќи во својата автобиографија дека е роден и израснат во Санкт Петербург.

@johnmindblown Dramatic Story about Putin’s Parents #fyp #putin #vladimirputin #russia #ukrain ♬ original sound – John Mindblown

Тој исто така наведува дека бил единствениот преживеан син на работничка Марија и неговиот татко Владимир Путин, работник во фабрика и поранешно воено лице кој служел во тајната полиција на Јосиф Сталин за време на Втората светска војна. Неговите родители, според зборовите на рускиот претседател, починале од рак кон крајот на 1990-тите.

Која била жената која тврдела дека го родила рускиот претседател?

Вера Николаевна Путина е родена на 6 септември 1926 година во Очиорската област, Русија. Таа тврдела дека додека студирала Земјоделско инженерство на Универзитетот, се заљубила во инженерот Платон Привалов, останала бремена и подоцна открила дека нејзиниот љубовник бил оженет и имал намера да и го украде бебето бидејќи неговата сопруга била неплодна.

Таа тврдеше дека го родила својот син, наречен „Вова“, на 7 октомври 1950 година, точно две години пред официјалниот датум на раѓање на Путин и дека го одгледала во сиромашното село Метеки, на еден час возење од главниот град на Грузија, Тбилиси.

Селската учителка, Сура Габинашвили, во интервју за британскиот весник „Дејли Телеграф“ во 2008 година тврдела дека му држела часови по руски јазик на Путин.

„Тој ги сакаше руските митови и рускиот јазик беше неговиот омилен предмет. Тој исто така уживаше во риболов и борење“, рече таа тогаш.

Кога Вера се омажила за грузискиот војник Гиорги Осепахвили, со кој имала уште деца, тој ја замолил да се откаже од својот првороден син и таа на 10-годишна возраст го испратила детето да живее со родителите во Русија. Една година подоцна, дедото на детето решил да го однесе во сиропиталиште.

Родителите кои го посвоиле во Санкт Петербург, како што рече Вера, и двајцата имале 40 години кога тој првпат ја видел светлината на денот. Руската двојка решила да посвои откако ги изгубила двата малолетни синови.

Вера дознала дека нејзиниот син се приклучил на КГБ (поранешна руска тајна служба), но мислела дека никогаш повеќе нема да го види. Меѓутоа, во 1999 година, гледајќи вести на телевизија во кои се споменува новиот руски премиер, таа веднаш го препознала нејзиниот син Владимир Путин, бидејќи, како што рекла, „одеше како патка“.

Цело време додека Вера тврдеше дека е мајка на Путин, Кремљ молчеше по ова прашање.

Можеби не е случајно што двајца новинари кои се обиделе да дојдат до неа мистериозно починале. Артјом Борови, противник на Кремљ, кој во тоа време подготвуваше документарен филм за детството на Путин, загина на 9 март 2000 година во авионска несреќа на меѓународниот аеродром Шереметјево во Москва. Вториот, Италијанецот Антонио Русо, беше убиен подоцна истата година додека известуваше за втората руска војна во Чеченија.

Од своја страна, американскиот историчар Јуриј Фелстински, роден во Русија, тврди дека тврдењата на Вера Путин може да ја објаснат посветеноста на Владимир Путин на КГБ (и нејзиниот наследник, ФСБ): „Лишен од родителска удобност во неговото детство, Путин се сврте кон КГБ за да најде ново семејство“, тврди тој.

Вера изјавила дека нејзиниот син никогаш не и простил што го испратила кај баба му и дедо му во Очиор, Русија. Пред да го земе последниот здив, последен пат го видела пред 60 години.

Извори во Грузија за британскиот весник „Сан“ потврдија дека жената починала од старост во Тбилиси и била погребана во нејзиното село Метеки минатиот вторник.

Во едно од нејзините последни интервјуа за весникот „Сан“, Вера изрази желба повторно да го види својот син: Мојот сон не е да ги затворам очите без Вова сакам да ме види и да разговара со мене уште еднаш. Често го гледам во соништата, но тој не сака да разговара со мене. И во моите соништа и во реалноста тој е бесен од она што го направив, тој сè уште не може да ми прости.’

Иако Грузијката понуди да направи ДНК тест за да докаже дека ја зборува вистината, Кремљ ги отфрли нејзините тврдења, а портпарол на Путин, Дмитриј Песков рече: „Оваа приказна не е вистина. Тоа нема никаква врска со реалноста“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот