Почина затвореник кој издржувал казна затвор во КПУ „Идризово“

Клинички центар/ Фото: Драган Митрески

Затвореник кој издржувал казна затвор во КПУ „Идризово“ вчера бил донесен во Клиничкиот центар, по што лекар констатирал смрт без траги на насилство, информира МВР.

-На 01.07.2020 во 11.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен со влошена здравствена состојба Е.Б.(59) од Тетово, кој издржувал казна затвор во КПУ „Идризово“- стои во дневниот билтен на МВР.

Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот