Почина Волфганг Петерсен, режисерот на „Подморница“ и „Троја“

Фото: Профимедиа

Прочуениот германски режисер Волфганг Петерсен, кој ги режираше филмовите како „Подморница“, „Во огнената линија“, „Бурата на сите бури“, „Троја“, „Ер Форс 1“, почина на 81-годишна возраст.

Тој починал во петокот од рак на панкреасот, опкружен со семејството во својот дом во Лос Анџелес, изјави неговиот асистент во вторникот.

Покрај него била неговата сопруга Марија. Петерсен беше многу почитуван во Калифорнија, каде што живееше, како и во неговата татковина, работејќи со ѕвезди како Клинт Иствуд, Дастин Хофман, Харисон Форд, Џорџ Клуни, Бред Пит, Рене Русо и Глен Клоуз во текот на повеќедецениската кариера.

Воената класика „Подморница“ за екипажот на германска подморница во текот на Втората светска војна, со Јирген Прохнов и Херберт Гронемаер во главните улоги, беше номинирана за шест Оскари и му го отвори патот на Петерсон кон Холивуд.

Петерсон, тогаш во раните 40-ти годидни, беше номиниран за режија и адаптација на сценариото, а филмот беше номиниран и за кинематографија, монтажа, звук и монтажа на звук. „Подморница“ беше почеток на големата холивудска кариера за Петерсон. „Бескрајна приказна“ исто така беше голем хит, а потоа и научно-фантастичниот филм „Enemy Mine“. Политичкиот трилер „На линија на огнот“ со Клинт Иствуд како таен агент беше голем хит во 1993 година. Во текот на следната деценија, успесите продолжија да следат брзо едноподруго: „Надвор од контрола“ со Дастин Хофман, „Бура од сите бури“ со Џорџ Клуни и „Троја“ со Бред Пит.

Петерсен се населил со сопругата Марија во Лос Анџелес во 1987 година.

 

i

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот