Почина Виктор Барбутов, вокалистот на „Амајлија бенд“

Фото: Принтскрин - Фејсбук

Виктор Барбутов, вокалистот на „Амајлија бенд“ починал утринава на 43-годишна возраст, откако синоќа му се слошило. Естрадата денес се збогува со него, во неверување од лошата вест која ја дочека утрово.

„Не можеме да се соземеме. Над дваесет години бевме заедно, делевме и добро и лошо. Ги остави зад себе малата ќеркичка и сопругата, претешко е за сите. Долги години бевме заедно во бендот, имавме многу настапи во локали, на свадби. Никогаш не се жалел на здравствени проблеми, беше млад човек кој водеше редовен живот, не пушеше, не пиеше, се грижеше за здравјето. Токму поради тоа, шокот е уште поголем за сите нас“ – изјавил неговиот колега од бендот, Мики Ѓорѓиевски за Фокус. 

Виктор во минатото беше дел од групата „Фантазија“ со која го сними хитот „Земја пресвета“. Неофицијално, тој починал од мозочен удар. Како што раскажаа негови колеги, најпрвин се пожалил на болки во вратот, а потоа и во главата.

Виктор зад себе ја остава сопругата и двегодишната ќеркичка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот