Почина велосипедистот кој беше прегазен на Партизанска во Карпош 4

Македонска полиција / Фото: МИА

Почина 74-годишниот велосипедист од Скопје, кој пред четири дена беше прегазен на булеварот Партизански одреди, наспроти трговскиот центар Антико во Карпош 4. Според информации на „А1он“, скопјанецот имал тешки повреди на повеќе делови од телото, меѓу кои главата и ребрата. Исто така, бил примен со крварења во мозокот, а по четири дневен третман во болница и негово лекување, тој починал.

 

74-годишниот скопјанец беше прегазен во петокот и беше во животна опасност. Неофицијално, бил удрен додека поминувал на пешачки премин со велосипедот. На лице место имаше траги од кочење, а сведоци кажуваа дека имало и локви крв на местото. На возилото кое удрило во велосипедистот, била искршена шофершајбната.

На местото беше извршен увид од увидна екипа на полицијата, а за несреќата беше известен и дежурен јавен обвинител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот