Почина велосипедист од Куманово кој вчера беше повреден во сообраќајка

Фото: МИА / илустрација

На 05.08.2022 околу 11.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември” во Куманово, товарно возило „фусо” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.Ќ.(48) од Скопје, удрило во велосипед управуван од И.М.(81) од с.Лопате, кумановско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кој по укажаната помош во болницата во Куманово, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје, каде што во 17.45 часот починал.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот