Почина тренерот кој во кариерата водел дури 52 екипи

фото: Bundesliga

Руди Гутендорф, фудбалскиот тренер кој се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди, неодамна почина на 93-годишна возраст. Германецот кој е роден 1926 година во Кобленц, помина половина век како тренер.

Веднаш откако ја заврши играчката кариера во 1955 година, започна со тренерската работа и во својата кариера предводел 52 екипи во 32 различни земји и тоа на пет континенти, по што е светски рекордер.

Најпознатите екипи кои ги предводел Гутендорф се бундеслигашите како Штутгарт, Шалке, Хамбургер, Херта, а бил селектор на неверојатни 18 репрезентации. Најзвучни репрезентации кои ги предводел се Австралија, Гана, Чиле, Боливија, Венецуела…

Поради својата работа која траеше речиси половина век доби прекар „неуморен“, а во пензија замина во 2003 година кога ја предводеше Самоа.
Потпретседателот на Германската фудбалска федерација, Раинер Кох го нарече Гутендорф, неповторлив амбасадор на германскиот фудбал.

– Загубивме личност која со својата позитивна енергија и големото срце ни го збогатуваше секој ден – изјави Кох.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот