Почина Тони Баталаков, познатиот македонски танчар, педагог и поранешен директор на балетот

facebook
Антон Баталаков – Тони, истакнат танчар, повеќегодишен репетитор, директор на и педагог, почина на 76-годишна возраст, соопшти Националната опера и балет (НОБ).
Aнтон Баталаков – Тони е роден во 1945 година во Скопје. Во МНТ работел од 1964 до 1992 година, како солист, долгогодишен репетитор, бил директор на Балетот од 1979 до 1989 година, и педагог, а предавал и Класичен балет и Дуетен танц.
Од 1964 година бил дел од ансамблот на МНТ, каде што танцувал во сите репертоарни изведби. Неговите изведби биле класични, стилизирана класика, модерни кореографии, карактерни стилизации, до драмски изведби. Најзабележителни креации постигнува во карактернодрамскиот фах, но и модерните стилизации не заостануваат.
Работејќи на повеќе определби во балетското опстојување кај нас и тоа како танчар, повеќегодишен репетитор, директор, педагог во училиште, секогаш вложувајќи се максимално, Тони Баталаков го дава својот придонес, со што добива значајно место во развојот на балетската уметност во Македонија, стои во објавата на НОБ на „Фејсбук“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот