Почина тиктокерот Ренди Гонзалес од дуото „Enkyboys“: По смртта се огласи неговиот 6-годишен син

Познатиот тиктокер Ренди Гонзалес, таткото на малиот Брајс, кои на социјалните мрежи се познати како дуото „Enkyboys“, починал на 35-годишна возраст по битка со ракот. Ренди им се обратил на своите следбеници во април кога му била поставена дијагнозата. Потоа рекол дека му остануваат уште 2-3 години живот, а со помош на хемотерапија може да живее уште пет години.
View this post on Instagram
Извор близок до семејството изјавил за „TMZ“ дека Ренди починал во средата наутро во болница, откако се борел со рак на дебелото црево. Неговиот син споделил нивна заедничка фотографија со многу емотивна порака со која се збогувал со својот татко.
View this post on Instagram
„Со голема тага ја објавуваме смртта на мојот татко Ренди Гонзалес. Татко ми имаше долга борба со ракот и конечно е во мир со нашиот Господ. Би сакал да им се заблагодарам на сите за убавите зборови и сочувство. Тоа навистина значи многу. Ќе направиме јавен спомен во Хјустон Тексас. Повеќе информации ќе бидат дадени подоцна. Посакувам да те гушнам и да те бакнам уште еднаш, тато, но знам дека ќе не чуваш мене, мама и девојките. Додека не те видам повторно тато. Ветувам дека ќе те направам горд. Те сакам“ – стои во објавата.
ЕУ може да воведе санкции за „ТикТок“ поради „содржините опасни по живот”
Ненадејно почина ѕвездата на ТикТок, пред смртта објавила мистериозна порака