Почина Тери Џонс, актерот од познатата група „Монти Пајтон“

Џонс беше еден од основачите на хумористичната група „Монти Пајтон“, која засекогаш го промени светот на комедијата кога дебитираше на Би-Би-Си во 1969 година.

Ѕвездата на „Летечкиот циркус Монти Пајтон“, легендарниот Тери Џонс, почина на 77 години, соопшти неговот агент за медиумите.

На комичарот на легендарната британска трупа во 2016 година му беше дијагностициран потежок облик на деменција, која влијаеше на неговата способност за комуницирање, поради што повеќе не беше способен да дава интервјуа.

Џонс беше еден од основачите на хумористичната група „Монти Пајтон“, која засекогаш го промени светот на комедијата кога дебитираше на Би-Би-Си во 1969 година.

Роден во 1942 во Колвин Беј, Велс, Џонс студирал англиска книжевност кога го запознал Мајкл Пејлин, со кого потоа почнал да пишува сценарија и да настапува во низа ТВ-серии. Заедно со Џон Клиз, Грем Чепмен, Ерик Ајдл и Тери Гилијам, тие во 1969 ја формираа групата „Монти Пајтон“, чиј „Летечки циркус“ се емитуваше до 1974 година.

Прочитајте и...  Работното место почва за инфекции: Заразите како пинг-понг топка меѓу колегите

Продолжувајќи ја соработката со членовите на групата, Џонс потоа ги режираше филмовите „Монти Пајтон и Светиот грал“, „Житието на Брајан“ и „Смислата на животот“.

Освен во светот на филмот, Џонс се проба и во книжевноста, па исто така беше автор на книга за средновековната историја и бројниот систем низ историја.

Прочитај повеќе

Меган Маркл е нејзин идол – Хелен досега потрошила илјадници долари за да изгледа како неа! (ФОТО)

Слободен печат

Куче првпат се погледна во огледало, ваква реакција не очекуваше никој! (ВИДЕО)

Слободен печат

Принцот Хари јасно порача: Викајте ме само Хари!

Слободен печат

Пејачката Елена Велевска е горда мајка: Нејзините три деца снимија заедничка песна, синот Марко рапува! (ВИДЕО)

Слободен печат

Препознајте го малиот гениј: Овие знаци откриваат дека детето е натпросечно интелигентно

Слободен печат

Еди Марфи е рекордер по број на деца: Еве од колку жени добил 10 наследници! (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

На Антарктикот снегот има крваво црвена боја, а беше измерена и највисоката температура досега! (ФОТО)

Слободен печат

Шокантна исповед: Дома постојано ѝ доаѓале непознати мажи што ѝ ги праќал сопругот

Слободен печат

Харисон Форд ќе ви каже која е тајната за успешниот брак

Слободен печат

Паштета од скуша (РЕЦЕПТ)

Слободен печат

Меган Маркл е обвинета дека заработува од кралското семејство!

Слободен печат

Познатата пејачка Дафи со денови ја дрогирале и ја силувале во заробеништво! (ФОТО)

Слободен печат