Почина таткото на СЛАВНИОТ РАПЕР: Го напуштил кога имал само 6 години

еминем

Почина Маршал Брус Метерс, таткото на Еминем, во 67-та година како последица на срцев удар. Еминем никогаш не криел дека не разговара со татко му, кој го напуштил кога имал само шест години.

Раперот растел со својата мајка во Детроит, каде ја започна и својата кариера.

Еминем открил дека татко му се јавувал во семејниот дом, но никогаш не го побарал за да разговара со него.

Таткото пак, во 2001 година изјавил дека сака да се запознае со синот и да разговара со него, но не наиде на разбирање од другата страна. Еминем решил дека не го сака назад во својот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот