Почина српскиот верски лидер и политичар Муамер Зукорлиќ

Муамер Зукорлиќ / фото: Медија Центар Београд / Википедија

Долгогодишниот главен муфтија на Мешихатот на Исламската заедница на Србија, Муамер Зукорлиќ, почина на 51-годишна возраст, јавија српските медиуми.

Зукорлиќ имаше и впечатлива политичка кариера и ќе остане запаметен како најважниот политички претставник на Санџак и на бошњачкото малцинство. Тој беше пратеник во српската Скупштина, а во еден мандат и нејзин потпретседател.

Според извештаите, на Зукорлиќ му се слошило додека држел предавање во Нови Пазар, а причина за смртта е срцев удар.

Роден во селото Рибариќе кај Тутин, Муамер Зукорлиќ се школувал во Сараево, во Константина и во Алжир, каде во 1993 година го завршил Исламскиот факултет, отсек Шеријатско право. Пост-дипломски студии завршил во Либан.

Од двете сопруги, Умеја и Елма, тој остава зад себе осум деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот