Почина српскиот армиски генерал Драгољуб Ојданиќ

Драгољуб Ојданиќ / Фото: EPA PHOTO EPA/MATIJA KOKOVIC/ss-cl YUGOSLAVIA OUT

Српскиот армиски генерал во пензија, Драгољуб Ојданиќ по кратко боледување почина денеска на ВМА во Белград.

Драгољуб Ојданиќ беше началник на Генералштабот на војската на СР Југославија од 1998 година до април во 2000 година, а во 2000 година ја извршуваше и функцијата министер за одбрана.

Ојданиќ е роден во 1941 година во село Равни кај Ужице. Заврши Воена академија на копнената војска, насока пешадија, во 1964 година и Командно-штабна академија во 1975 година.

Постодипломски студии на воени вештини заврши во 1985 година и доби титула магистар.

За време на работниот век, беше на служба во Сараево, во Ѓаковица, во Призрен, во Приштина, во Ужице и во Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот