Почина српскиот актер Власта Велисављевиќ

Instagram

Актерот Власта Велисављевиќ почина синоќа на 95-годишна возраст, пишува „Телеграф“.

Славниот актер неодамна беше хоспитализиран поради компликации предизвикани од коронавирусот. Како што пренесува споменатиот медиум, Власта починал синоќа во 2.30 часот во болницата „Драгиша Мишовиќ“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Само Домаће (@_samodomace_)

Власта е роден на 28 јули 1926 година во Белград. Помина повеќе од 70 години на сцена, а за тоа време играше повеќе од 350 улоги, поради што многумина ќе се согласат дека е српска актерска легенда. За својата работа доби бројни признанија низ годините, а последната и омилена му беше
наградата за доживотен почесен член на Југословенскиот драмски театар.

Соработувал со бројни театарски, телевизиски и филмски режисери, а неговите реплики се прераскажуваат од генерација во генерација. Власта глумеше во 45 играни филмови, 61 телевизиски филм и 56 серии. За прв пат се појави на филмското платно на 14 јули 1959 година во воената драма
„Ноќи и утра“ во режија на Пјер Мајховски, по сценарио на Меша Селимовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот