Почина српскиот актер Иван Бекјарев

Фото: Инстаграм

Познатиот српски актер Иван Бекјарев почина денес на 74 години од последици од коронавирусот. Бекјарев, како што известуваат српските медиуми, со коронавирусот се заразил минатиот месец, а пред десетина дена неговата здравствена состојба значително се влошила.

Последните недели тој бил хоспитализиран на инфективната клиника во Белград. Актерот дознал дека е позитивен на коронавирус додека снимал филм, по што веднаш го напуштил сетот.

Фото: фејсбук

Бекјарев својата прва улога ја одиграл во далечната 1967 година, а во својот живот има одиграно повеќе од 150 театарски улоги, а глумел и во повеќе од 50 филмови. Најпознатите серии кои беа доста актуални и кај нас, а во кои Иван Бекјарев беше дел од екипата се „Подобар живот“, „Среќни луѓе“, „Отпишани“, „Горки плодови“.

Фото: Инстаграм

Долги години Бекјарев се занимаваше и со педагошка работа, како редовен професор по глума на Академијата за уметности каде предавал на многу денес успешни и познати актери.

Од него се прости неговиот помлад колега и негов ученик Саша Јоксимовиќ….

„Ме научи на се, беше мој втор татко. Се сеќавам кога те запознав драг професоре во 1999 година на Академијата во петката… оној врисок ти се допадна, се сеќавам… А требаше да работиме сега и претстава… Требаше… Многу сум тажен. Ти благодарам за се…. професоре…“, напиша Јоксимовиќ на својот Инстаграм профил.

Фото: Инстаграм

Многу познати лица веќе започнаа да се простуваат од актерот, велејќи дека „Легендите никогаш не умираат“.

Инаку, Иван Бекјарев имаше македонско потекло. Татко му Георги пред Втората светска војна дошол во Белград, а мајка му Радмила (со потекло од Гевгелија во Белград дошла 1945 година. Татко му на Иван пред војната го сменил на српски своето презиме во Беќаревиќ, но после раѓањето на Иван раѓање повторно го преименувал во Бекјарев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот