Почина српски епископ заразен со коронавирус
Српскиот епископ валевски Милутин синоќа почина во Клиничката болница во Белград, пренесуваат српските медиуми.
Епархијата пред три дена соопшти дека кај епископот Милутин и кај уште двајца свештеници е потврдено присуство на коронавирус и дека се наоѓаат на лекување во клиничкиот центар.
Како што се наведува, од моментот на прогласувањето на вонредната состојба, епископот Милутин, не го напуштал седиштето на Епархијата и од почетокот ги почитувал правилата за самоизолација, одговорно давајќи пример на сите свештеници и верници, пренесе „Блиц“.
Од Епархијата велат дека епископот Милутин, прв во Српската православна црква донел одлука за прекин на осветувањето на домовите пред празникот Велигден, имајќи во предвид информациите дека во Ваљево се појавил вирусот.