Почина Спаска Митрова, која долги години водеше спор за старателство над ќерката

Смртта на гевгеличанката Спаска Митрова, која се декларираше како Бугарка додека се спореше со својот сопруг за старателството над ќерката Сузана, е една од главните вести во бугарските медиуми.

Митрова, на чија страна застана лично бугарскиот премиер Бојко Борисов и која покрај македонското доби и бугарско државјанство, почина синоќа во својот дом во Македонија од рак, со кој се борела подолго време, соопштиле нејзини блиски.

До последниот ден таа живеела заедно со ќерка ѝ, која сега има 14 години, а извесно време живееше и во Банско.

Митрова долги години водеше судска битка со својот сопруг, Србинот Воислав Савиќ, во Македонија и во Стразбур за старателството на детето, а нејзиниот случај пред десетина години ги влоши македонско-бугарските односи.

Таа пред четири години го загуби спорот против Македонија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

-Верував дека случајот со Спаска Митрова е завршен. Како земја, ние би можеле остро да ја коментираме пресудата и судот. За мене е крајно непријатно да коментираме ваква работа“, рекол своевремено Борисов пред бугарските новинари, велејќи дека случајот е „испит за дипломатијата“.

Тој порачал дека цела Бугарија ја поддржува Спаска Митрова и потсетил дека во неколку случаи македонските судови пресудиле во корист на Спаска Митрова.

Вечното почивалиште на Спаска Митрова е на „старите бугарски гробишта во Македонија“, како што јавуваат медиумите кај источниот сосед, близу до гробот на војводата Леонид Јанков.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот