Почина синот на холивудскиот актер Роберт Редфорд

instagram

Во саботата по тешко боледување од рак на 58 годишна возраст почина Џејмс Редфорд, синот на холивудскиот актер Роберт Редфорт. 

Џејми почина денес. Скршени сме. Тој живееше убав, значаен живот и беше сакан од сите. Многу ќе ни недостасува“, напиша неговата сопруга Кајли Редфорд.

 

Twitter

Како негова сопруга 32 години, јас сум најмногу благодарна за двете прекрасни деца што ги одгледавме заедно. Не знам што би правиле без нив во текот на изминатите 2 години“, додава таа.

За смртта на Џејмс се огласија и од „Фондацијата за спречување на рак на пожарникарите во Сан Франциско“.

Џејмс Џејми Редфорд нè напушти по тешкото боледување од рак. Тој беше вистински филантроп, се грижеше за здравјето и безбедноста на пожарникарите и зачувувањето на нашата средина. Џејми веќе го нема, но тој ќе живее со големите дела што ги создаде. Нека почива во мир и семејството Редфорд нека пронајде мир“, беше дел од пораката која Фондацијата ја сподели со јавноста.

 

Instagram

 

Редфорд и ко-продуцентот Карен Прицкер неодамна го објавија најновиот документарец во продукција на „KPJR Films“ – „Playing for Keeps: The Upside of Downtime“, за важноста на играта во животот на возрасните.

 

Instagram

Со скршени срца и голема тага ја споделуваме веста за смртта на нашиот драг пријател и колега, Џејми Редфорд. Џејми беше светлината на овој свет кој го искористи своето време и талент да ги подигне социјалните проблеми во прв план преку снимање документарни филмови од светски ранг. Тој им даде глас на маргинализираните проблеми, нудејќи решенија кои ќе даваат надеж и на следните генерации…“, беше дел од пораката што ја споделија од „KPJR Films“.

 

Instagram

 

Редфорд се обидуваше да им помогне на луѓето да разберат зошто ние луѓето се однесуваме како што се однесуваме и како можеме да ги решиме нашите најнерешливи проблеми.

Џејми исто така беше ко-основач и претседател на „Redford Center“, чија мисија, според веб-страната на центарот е „да ја искористи моќта на позитивните приказни за да се направат вистински промени, а тој несомнено успеа во таа мисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот