Почина Серхио Мендес, легендарниот бразилски боса нова музичар
Бразилскиот музичар Серхио Мендес почина во петокот во Лос Анџелес на 83-годишна возраст. Неговата сопруга Грасиња Лепорас Мендес и нивните деца беа со него во последните моменти. Мендес се бореше со последиците од коронавирусот, пишува Си-ен-ен.
Тој се смета за еден од најуспешните бразилски уметници на меѓународната сцена. Тој е одговорен за популаризација на боса нова низ светот и има снимено повеќе од 35 албуми.
Тој беше трикратен добитник на наградата Греми, беше номиниран за Оскар, а во 2020 година беше снимен документарен филм за него.
Неговиот бенд „Бразил ’66“ постигна глобален успех со уникатна комбинација на самба и џез и привлече многу фанови во САД и ширум светот.
Во текот на својата кариера, тој соработуваше со џез легенди како што се Кенонбол Адерли и Херби Ман, како и со современи изведувачи како што се „Блек ајд пис“ и Џон Леџенд. Меѓу неговите хитови се издвојува песната „Never Gonna Let You Go“.