Почина седмата жртва од пукањето во Тексас

Фото: Принтскрин/Илустрација

Бројот на жртвите од масовното пукање во западен Тексас се зголеми на седум, јави Фокс њуз.

Полицијата претходно објави дека пет лица, меѓу кои и вооружениот напаѓач, загинале во масовно пукање што почнало откако напаѓачот бил запрен во сообраќај и заврши кога полицајците го опколија на паркингот на киноцентар во градот Одеса, Тексас.

Властите прво веруваа дека имало двајца напаѓачи во две возила, но началникот на полицијата во Одеса, Мајкл Герк, на прес-конференција рече дека се верува дека бил сам.

Тој исто така рече и дека напаѓачот, 30-годишен белец, претходно ѝ бил познат во полицијата, но не сакаше да шпекулира за можните мотиви за нападот, во кој беа повредени 21 лице.

Сѐ почна кога сообраќајниот полицаец го запрел осомничениот, но овој го убил, па украл возило на американската поштенска служба и продолжил да пука по минувачите.

Полицијата успеа да го опколи на паркингот на киното Синерџи и, според сè, во размената на оган, да го убие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот