Почина руската фудбалска легенда којa и ја „украде“ европската титула на Југославија

epa03022517 Viktor Ponedelnik, former member of the USSR team that won the 1960 European Championships appears on stage during the UEFA EURO 2012 draw ceremony in Kiev, Ukraine, 02 December 2011. EPA/SERGEY DOLZHENKO

Еден од најдобрите руски фудбалери на сите времиња Виктор Владимирович Понедељник почина денеска на 83 години, соопшти фудбалската федерација на Русија.

Понедељник се прослави во финалето на Европското првенство во 1960 година, кога му ја донесе титулата европски првак на поранешниот Советски сојуз. Понедељник го постигна победоносниот гол во 113. минута во продолжението со кој СССР ја совлада поранешна Југославија на „Паркот на принцовите”.

Роден во Ростов на Дон, Понедељник играше за ЦСКА и Спартак Москва , а на 29 натпревари во дресот на Советскиот сојуз постигна 20 голови.
По завршување на играчката кариера, Понедељник работеше како фудбалски тренер и спортски новинар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот