Почина Рони Тут, тапанарот на бендот на Елвис Присли

рони тут
Фото: Принтскрин / Instagram

Рони Тут, тапанарот кој беше оригинален член на бендот „TCB“ на Елвис Присли и бендот на Џери Гарсија, како и „session“ музичар кој настапуваше покрај Били Џоел, Бекингем Никс и повеќе, почина на возраст од 83 години.

Веста за смртта на Тут ја објавија Елвис Присли Ентерпрајзес без да ја објават причината за смртта.

„Сите ние во Елвис Присли Ентерпрајзес сме длабоко ожалостени од дознавањето за смртта на Рони Тут. Освен што беше одличен тапанар, тој беше и добар пријател на многу од нас во Грејсленд. Се радувавме секој пат кога ќе ни се придружеше на прославување на Недела на Елвис, роденденот на Елвис и многу други посебни пригоди“, изјавија од Елвис Присли Ентерпрајзес.

Рони беше одличен амбасадор на делото и наследството на Елвис, од споделување на спомените за неговата работа со Елвис до пренесување на музиката на Елвис во арени и настапи на шоуа и перформанси низ светот.

Тапанарот родум од Далас се придружи на бендот на Присли „TCB“ („Takin’ Care of Business“) во 1968 година, настапувајќи на отварањето во Лас Вегас во 1969 година, а беше и остана член на групата и за време на смртта на Пресли во 1977 година. Тут продолжи да настапува со „TCB“ со декади потоа.

 

Видео на денот