Почина режисерот и оскаровец Јиржи Менцел!
Почина познатиот чешки филмски и театарски режисер и оскаровец Јиржи Менцел на 82-годишна возраст, објави неговата сопруга Олга на својата Фејсбук страница.
Тој доби Оскар за својот прв игран филм „Строго контролирани возови“ од 1966 година.
Во 1986 година, неговата популарна комедија „Моето мало село“ беше номинирана за Оскар.
Неговите филмови се комбинација од хуманистички поглед на светот со сарказам и провокативни теми, а исто така тој беше и важен учесник во чешкиот нов бран.
Неговите други познати филмови се „Криминал во училиште за девојки“ (1965), „Каприциозно лето“ (1968) и „Му служев на кралот на Англија“ (2006), а неговата сатира „Чучулига на конец“ снимена во 1969 година, поради провокативната природа била забранета до 1990 година и била прикажана дури по падот на Берлинскиот ѕид.
Менцел беше меѓународно признат и ценет филмски режисер, кој најмногу работел како театарски, фимски и телевизиски глумец.
Сепак, поради некои егзистенцијални причини, со оглед што неговото филмско творештво, до 1990 година било забранувано, санкционирано и ограничувано.