8 C
Скопје

Почина Рамадан Телќиу, новинар во пензија

По кусо боледување на 76- годишна возраст во Дебар попладнево почина Рамадан Телќиу, новинар во пензија.

Телќиу повеќе од три децении беше дописник на МРТВ, Радио Скопје, редакција на македонски и албански јазик, а како хонорарен соработник и за весниците Вечер, Нова Македонија и други редакции. И по пензионирањето не го напушти новинарството, работеше до последен миг.

Тој беше познат и како голем хуманист посебно во областа на крводарувањето. Со дадени околу 200 крвни едници е еден од рекордерите крводарители во нашата земја.

Добитник е на Плакета за крводарител рекорден што ја доделува Претседателот на Северна Македонија, Плакета Мајка Тереза и многу други признанија.

Сепак, како што знеше да каже, негова најголема радост е што секоја дадена крва единица тој е побогат за уште еден брат или сестра. Крв даруваше секогаш кога ќе беше потребно, без да праша за кого таа е потребна.

Прочитајте и...  Приведени две лица барани со потерница за затворска казна до 12 години

Повеќе години беше и секретар на Општинската организација на Црвен крст – Дебар, кога успеа, со личен пример на целото негово семејство, да го популаризира крводарувањето и Дебар стана една од општините кои редовно го надминува годишниот план.

Ќе биде погребан утре во 12:00 часот на градските гробишта во Дебар.

Поврзани вести

Средба на пратеникот Мицевски со евроамбасадорот Гир

Слободен печат

Захарова: Москва е подготвена за продолжување на договорот СТАРТ со Вашингтон

Слободен печат

Жена фрлила отпушок од автомобил во Виена, па заработила казна од 450 евра

Слободен печат

Апсење во Црна Гора: Уапсен убиецот на Шарац од криминалната група„Пинк Пантер“

Слободен печат

Гир: Нема план Б, целта е пристапување на Северна Македонија во ЕУ

МИА агенција

Полицијата во Лондон растури свадба со 400 гости, казната е 10 000 фунти

И.И.

Остави Коментар