Почина Радован Миљаниќ, познатиот актер од „Курсаџии“

Радован Миљаниќ
Радован Миљаник/Printscreen/Youtube

Долгогодишниот актер во Народниот театар во Белград, Радован Миљаниќ изненадно почина на денешен ден, во својата 69 година од животот – соопштија денес од Народниот театар во Белград, пишува „Danas“

Роден е во Панчево, 24 февруари, 1952 година.

Дипломирал глума во 1979 година, на Факултетот за драмски уметности во Белград во класата на професорот Предраг Бајчетиќ, со монодрамата „Приказната за кнезот Мишкин“, по „Идиот“ на Достоевски. Претставата била играна во Подрумот на Ателје 212.

Публиката го знае по бројни театарски и филмски улоги, особено серијата „Курсаџии“.
Ретко давал изјави за медиуми, а во едно интервју, објавено пред речиси две децении, во театарскиот весник „Лудус“, на прашањето што значи за него предизвик после толку одиграни улоги, тој изјави:

„Нешто што подразбира поинаков пристап кон улогата, нешто што досега не сум го работел… Не припаѓам на оние типови глумци кои планираат улоги или имаат зацртано дека мораат да одиграат некаква улога“.

Последната улога ја одигра пред само неколку дена – во претставата „Ваша Железнова и други“, која беше со извонреден успех изведена на 18 октомври на Рускиот меѓународен театарски фестивал во Нижни Новгород.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот