Почина работник во кочанска фабрика

Вчера околу пладне на работното место починал работник во фабрика во Кочани, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 13.02 часот во СВР Штип, било пријавено дека околу 12.30 часот, при изведување на работни задачи во фабрика во Кочани, починал Г.К.(48) од Кочани. Лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт без траги на насилство, се наведува во соопштението на МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани.

Видео на денот