Почина професорот Лазар Лазаров, автор на повеќе научни монографии и статии од областа на историската наука

Фото: Принтскрин

Лазаров на темата „Општествено-политичките организации во обновата и изградбата на Македонија (1944-1948)” (1975) и докторирал на „Општествено-економскиот развој на НР Македонија (1944-1957)” (1984). Подоцна преминал на работа во ФОН во Скопје (2004).

Како што информираше Институтот за национална историја, вчера почина познатиот професор д-р Лазар Лазаров.  Професорот Лазаров е роден на 2 февруари 1945 година во село Зрновци, Кочанско.

Лазаров псновно училиште завршил во родното село, гимназија во Кочани и дипломирал на Филозофскиот факултет – Група историја во Скопје (1966-1970). Извесно време бил професор во гимназијата „Г. Димитров” во Скопје, а потоа се вработил во Институтот за национална историја во Скопје, во Одделението за Народноослободителната војна и најновата историја (1971-2004).
Можеби ќе ве интересира

Лазаров на темата „Општествено-политичките организации во обновата и изградбата на Македонија (1944-1948)” (1975) и докторирал на „Општествено-економскиот развој на НР Македонија (1944-1957)” (1984). Подоцна преминал на работа во ФОН во Скопје (2004).

Професорот Лазар Лазаров е автор на повеќе научни монографии и статии од областа на историската наука.

Во последниот период истражуваше во областа на меѓународната политика, дипломатијата и црковните односи меѓу земјите од регионот на Балканот. При своите научни истражувања, професорот Лазаров, меѓу другото, ги користеше и дипломатските архиви на Министерството за надворешни работи во Нант и Дирекцијата за документација и радиодифузија во Париз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот