Почина професорот Агни Алиу од Универзитетот на Југоисточна Европа

Фото: МИА

Универзитетот во Југоисточна Европа (УЈИЕ) соопшти дека денеска почина Агни Алиу, професор на Факултетот за современи општествени науки.

„Професорот Агни Алиу е вработен на Универзитетот во Југоисточна Европа од 2003 година. Тој е автор на повеќе книги, научни трудови и истражувачки трудови објавени во национални и меѓународни научни списанија. Професорот Агни Алиу, од страна на студенти, колеги и соработници, ќе биде запамтен како неуморен, кооперативен и многу баран работник во својата научна работа“, наведуваат од Универзитетот.

Од УЈИЕ информираат и дека ректорот Акад. Д-р Абдилменаф Беџети, во свое име и од име на раководството и вработените на Универизитетот до семејството на проф. Агни Алиу испрати сочувство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот