Почина професор доктор Петар Пемов

Почина професор доктор Петар Пемов, клиничар и редовен професор по невропсихијатрија на Медицинскиот факултет на УКИМ од 1982 година до пензионирањето.

Пемов е роден во 1935 година во Скопје. Во 1961 година дипломира на Медицинскиот факултет. Во 1968 година стана специјалист по невропсихијатрија. Докторира во 1981 година во Белград на тема поврзана со испитување на промените во мозочната течност при невролошките болести, со помош на полиакриламидна диск-електрофореза.

Бил раководител на Катедрата по невропсихијатрија, претседател на Здружението на невропсхијатрите, а потоа и на невролозите на Македонија, како и претседател на Здружението на невролозите на Југославија и член на Комитетот за неврологија на Југославија.

Автор е на книгите „Болести на крвните садови на мозокот – цереброваскуларни болести” и „Мозочен удар – спречување и лекување”. Коавтор е на книгите: „Патофизиологија, дијагноза и теарпија на цереброваскуларните нарушувања”, „Современа дијагностика и терапија во медицината” и „Геријатрија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот