Почина проф. д-р Љубица Тодорова Јанешлиева

Вчера почина универзитетската професорка, преведувач и научен работник проф. д-р Љубица Тодорова Јанешлиева која својот работен век го мина на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” како професор по современа англиска и американска книжевност, а беше и раководител на катедрата, продекан и декан на факултетот.

Тодорова-Јанешлиева е родена во 1940 година во Белград. Дипломирала на Универзитетот од Бристол, Велика Британија, магистрирала на Универзитетот во Белград, а докторирала на УКИМ во Скопје. Била дел од кадарот на Катедрата за анлиски јазик и книжевност, во 1960-тите, кои ги поставија темелите на современите студии по англиски јазик и книжевност и ги подигнаа на извонредно високо ниво. Предавала и на Универзитетот во Брадфорд, Велика Британија, и на Универзитетот на државата Вашингтон во градот Сиетл, САД.

Проф. д-р Љубица Тодорова Јанешлиева објавила околу 80 научни и стручни трудови од областа на англистиката, американистиката и компаративна книжевност (студии, предговори и есеи) во книги, специјални едиции и периодични списанија во земјата и во странство, како и неколку преводи и приредени збирки на македонска и англиска поезија.

Погребот на проф. д-р Љубица Тодорова Јанешлиева е закажан за утре (19 јануари 2021) во капелата на градските гробишта Бутел, од 11:30 до 12 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот