Почина претседателот на Самсунг, Ли Кун-хи

epa03928552 Lee Kun-hee (C), chairman of South Korean Electronics giant Samsung Electronics Co., along with his wife Hong Ra-hee attends a dinner to mark the 20th anniversary of his 'New Management Initiative' at a hotel in Seoul, South Korea, 28 October 2013. EPA/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Претседателот на групата Самсунг, Ли Кун-хи, кој го воздигна Самсунг во водечки производител на паметни телефони, почина денес на 79-годишна возраст, се вели во соопштението на јужнокорејската компанија.

Ли, кој направи оваа групација да биде светски телекомуникациски гигант, беше врзан за кревет од срцев удар во 2014 година.

„Со голема тага објавуваме дека почина Ли Кун-хи, претседателот на Самсунг електроникс“, соопшти компанијата, додавајќи дека тој почина денес опкружен со семејство вклучувајќи го и неговиот син Ли Јее-Јонг, потпретседател на компанијата и де факто шеф на компанијата откако се разболе во 2014 година.

„Претседателот Ли беше вистински визионер кој го трансформираше Самсунг и ја направи локалната компанија вистински светски лидер во иновации и индустриска моќ. Неговото наследство е вечно“, велат од компанијата.

Самсунг е далеку најголем меѓу јужнокорејските конгломерати кои доминираат во економијата на земјата, 12-ти по моќност во светот.

Глобалниот промет на компанијата е еднаков на една петтина од БДП на Јужна Кореја, поради што е клучен за економското здравје на земјата.

Ли Кун-хи го наследи раководството на компанијата од неговиот татко и за скоро 30 години на нејзино чело, Самсунг Електроникс стана глобален бренд и најголем светски производител на паметни телефони, телевизии и чипови. Самсунг произведува телефони Галакси, а истовремено и екрани и микрочипови за своите ривали Епл Ајфон и Гугл Андроид.

Ли остава огромно богатство, според процената на Форбс од 16 милијарди долари во јануари 2017 година.

Неговиот син Ли ее-Јонг беше осуден на пет години затвор во 2017 година кога беше прогласен за виновен за корупција и други злосторства поврзани со поранешниот претседател Парк Геун Хе. Подоцна беше ослободен од најтешките обвиненија во Апелација и беше ослободен. Тој случај е во тек.

Самиот Ли Кун-хи беше прогласен за виновен за корупција во 1996 година, потоа корупција и затајување данок во 2008 година, но избега од затвор откако беше осуден на условна казна.

Извор: БЕТА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот