Почина познатата актерка Галин Горг, семејството собира пари за погреб

Познатата актерка Галин Горг ја изгуби битката со ракот и почина на 55-годишна возраст на 14 јули, еден ден пред да го прослави својот 56-ти роденден.

Галин на пошироката јавност ѝ беше позната по актерските остварувања во серијата „Принцот од Бел Ер“ и од улогата во филмот „Робокоп 2“.

Иако ѝ дијагностицирале рак по целото тело и белите дробови, нејзиното семејство не било свесно за сериозноста на ситуацијата.

профимедиа

Веднаш по смртта на Галин, нејзиното семејство ја извести јавноста дека таа не успеала да се избори за својот живот и дека починала на само еден ден пред роденденот.

  • Гелин Горг беше голем дел од нашето семејство, на секој од нас му значеше многу. Ѝ дијагностицираа рак што ѝ се прошири по целото тело и на белите дробови. Лекарите рекоа дека има само уште неколку денови или седмици живот, но таа остана оптимист и сите се молеа за чудо, но, за жал, почина. Не знаевме колку беше болна и дијагнозата за нас беше шок. Потрошивме многу пари и време, а сега ни требаат донации за погребот. Секоја помош е добредојдена, па дури и молитвите – напишало семејството на актерката, кое досега собрало 2.000 долари што ќе бидат искористени за погребот на актерката.
профимедиа

Меѓу другото, во емотивната порака од семејството стои и дека секој дониран долар или друга помош им е и повеќе од добредојдена, бидејќи сакаат, но во моментов не се во можност, „да ја испратат на достоинствен начин“.

Инаку, Галин освен со актерство се занимавала и со продукција и танц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот