Почина познат британски рапер (47) од коронавирус (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Британскиот рапер Тај (Ty) почина од корона вирус, а тоа го потврди неговиот тим вчера.

Раперот, чие вистинско име е Бен Чијок, почина на 47 години, пишува „Мирор“.

На почетокот на април тој бил префрлен во болницата, откако покажал знаци на гушење.

Потоа раперот примен во болница со здраствени компликации кои се поврзани со Ковид 19, кога бил тестиран и позитивен на вирусот. Лекарите морале да го стават во медицинска кома, а потоа го префрлиле на вентилатор.

Иако негова блиска пријателка објави дека минатата недела се чувстувувал подобро, состојбата на раперот нагло се влошила, по што починал.

Тај стана познат кога го објави албумот „The Awkward“ во 2001 година. Неговиот втор албум „Upwards“ беше номиниран во 2004 година за престижната Меркјури награда.  Потоа објави уште три албуми, додека последниот „A Work Of Heart“ го објави во 2018 година.

Раперот соработуваше со познати музички имиња, како De La Soul, Roots Manuva, Тони Ротон…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот