Почина повеќекратниот убиец чие злосторство го инспирираше хорор филмот „Хоророт од Амитвил“

Роналд Дефео почина во болница во Олбени каде беше пренесен од затвор во Њујорк на почетокот на февруари.

Ронадл Дефео стар 69 години кој беше осуден за убиство на неговите родители, четирите браќа и сестри во семејната куќа, почина во затвор, соопштија затворските власти.

Грозоморниот криминал подоцна ги инспирирал книгата и филмот „Ужас од Амитвил“, објави АП. Дефео почина во болница во Олбени каде беше пренесен од затвор во Њујорк на почетокот на февруари.

Причината за смртта сè уште не е позната. Дефео издржуваше 25-годишна казна за убиствата во 1974 година во Амитвил, предградие на Лонг Ајленд.

Тој се повика на лудило за време на судењето, изјавувајќи дека слушнал гласови што го натерале да го убие своето семејство. Тој побара повторно судење во 1992 година, тврдејќи дека неговата 18-годишна сестра ги убила другите пет членови на семејството и дека ја убил само неа, но немало ново судење.

– Го сакав моето семејство – истакна ДеФео на сослушувањето во 1999 година.

Тогаш тој изјави и дека се оженил во затвор. Од канцеларијата на судскиот лекар велат дека не можат да ги соопштат причините за смртта, освен роднините на починатиот.

Семејната куќа каде што е извршено злосторството стана основа на хорор класиците откако друго семејство – кое живеело таму кратко време околу една година по убиствата – тврдело дека куќата ја прогонуваат духови.

Книгата и три филма, од 1979 година и римејк од 2005 и 2017 година, прикажуваат куќа во која се слушаат чудни гласови, се движи мебел и други натприродни феномени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот