Почина поранешниот тренер на Вардар, Вукашин Вишњевац

fkvardar.mk

Денеска на 80-годишна возраст, почина Вукашин Вишњевац, поранешниот тренер на Вардар. Вишњевац го водеше „црвено-црниот“ тим во сезоната 1983/84 кога екипата се натпреваруваше во првенството на поранешна Југославија.

Дел од таа генерација подоцна беше шампион на Југославија. Вишњевац е роден на 15 јуни 1939 година. Беше дел и од стручниот штаб на репрезентацијата на Југославија на СП 1982 година.

Својот најголем тренерски успех го оствари во 1979 година кога како селектор на младата репрезентација на Југославија играше во финалето на ЕП, а со олимписката репрезентација на Југославија стигна до бронзениот медал на Олимписките игри 1980 во Москва.

Фудбалскиот клуб Вардар изразува сочувство кон најблиските роднини, пријатели и познавачи на Вишњевац. Неговото име засекогаш ќе остане врежано со убави спомени кон фудбалскиот клуб Вардар.

Освен како тренер, Вишњевац остави трага во Вардар и со тоа што целосно го реформираше спортскиот сектор, инсистирајќи на играчи од својата школа, но и ги собираше најдобрите фудбалери кои играа во клубовите на територијата на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот