Почина поранешниот претседател на Пакистан Первез Мушараф

Поранешниот претседател на Пакистан, Первез Мушараф, почина по долго боледување во болница во Дубаи на 80-годишна возраст, јавија денеска пакистанските локални медиуми, пренесува Ројтерс.

Генерал Мушараф, роден во Делхи, Индија, ја презеде власта во Пакистан со воен удар во 1999 година, јавува Би-Би-Си.

Тој беше претседател на Пакистан од 2001 до 2008 година

Во ноември 2007 година, генералот Мушараф го суспендираше уставот и воведе вонредна состојба во земјата, што предизвика протести.

Тој поднесе оставка во 2008 година за да избегне импичмент.

, Tој потоа пребегна во Дубаи од 2016 година. каде живееше далеку од политиката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот