Почина поранешниот претседател на Црна Гора, Момир Булатовиќ

Поранешниот црногорски претседател Момир Булатовиќ почина денеска на 63-годишна возраст.

Булатовиќ беше претседател на Црна Гора од 1990 до 1998 година и претседател на Сојузната влада на Сојузна Република Југославија од 1998 до 2000 година.

Во 1989 година Булатовиќ беше избран за претседател на Претседателството на СК Црна Гора, а претседател на државата стана на првите повеќепартиски избори во 1990 година.

По осум години на чело на републиката и судир на врвот на Демократската партија на социјалистите, чиј претседател беше во основањето, Булатовиќ загуби на претседателските избори од неговиот поранешен соработник и премиер, Мило Ѓукановиќ.

Непосредно по промената во 1998 година, следеше предлогот на Слободан Милошевиќ за составување кабинет на федерално ниво чиј претседател беше токму Милошевиќ.

Булатовиќ остана на оваа позиција две години.

Тој најверојатно почина од срцев удар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот