Почина поранешниот почесен претседател на СПС Милутин Мркоњиќ

Во Белград на 80-годишна возраст почина Милутин Мркоњиќ, поранешен министер за инфраструктура и транспорт, почес ен претседател на СПС и пратеник на таа партија во српското Собрание.

Милутин Мркоњиќ е роден на 23 мај 1942 година во Белград. Дипломирал на Градежниот факултет во Белград на отсекот патишта, аеродроми и железници.

Повеќе од 45 години работеше на реализација на најзначајните проекти од областа на сообраќајната инфраструктура во многу земји во светот, Југославија и Србија: железницата Белград-Бар, патните коридори 10 и 11, „Бешка“ и мостови „Жежељ“.

Бил член на ЦК на СКЈ. Тој е почесен претседател на СПС, беше еден од основачите на таа партија, потпретседател и член на Претседателството.

Од 2000 година бил член на Советот на републиките во Сојузното собрание на СРЈ, а потоа и на државниот сојуз на Србија и Црна Гора.

Од 2008 до 2012 година беше министер за инфраструктура во Владата на Република Србија, а од јули 2012 до август 2013 година беше министер за транспорт.

Добитник е на многу државни, општествени и стручни награди – Орден за заслуги за Сојузна Република Југославија од прв степен, Орден на трудот, Орден на трудот со сребрен венец, Орден на трудот со златен венец. .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот