Почина поранешниот министер за култура Благоја Стефановски – Баге

Благоја Стефановски – Баге, една од најпознатите личности на македонската култура, почина денеска на 67 години. Стефановски беше болен последно време, а потоа  и позитивен на Ковид-19.

Како директор на Битолскиот народен театар од 1975 до 1980 година тој ги постави основите за забрзан уметнички развој на оваа театарска куќа, која потоа со своите изведби се прослави не само на македонската туку и на југословенската уметничка сцена.

Тој беше и претседател на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, а беше и на чело на „Охридско лето“.

Благоја Стефановски стана дел и од македонската политика. Од 1994 до 1998 година беше пратеник во македонското Собрание, а од 2002 до 2006 година и министер за култура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот