Почина поранешната Мис на Америка по само 16 дена болничко лекување

Instagram

Поранешната мис на САД, Леанза Корнет (49) почина на 28 октомври 2020 година, пренесуваат странските медиуми.

Леанза си ја повредила главата на 12 октомври и оттогаш се лекувала во болницата во Џексонвил, но, за жал, по само 16 дена од повредата таа починала.

Instagram

Леанза имаше весел и прекрасен дух, нејзината смеа беше заразна. Скршени сме од ненадејната загуба во нашето „Мис Америка“ семејство и изразуваме длабоко сочувство до нејзиното семејство и наблиски пријатели“, пишува во соопштението на организаторите на натпреварот за Мис на Америка.

Instagram

Таа стана Мис на Флорида во 1993 година, а потоа победи на изборот за Мис на Америка. Светот ја памти по тоа што Корнет експлицитно одби да ја носи круната за време на јавното обраќање.

Од 1995 до 2013 година, Корнет беше во брак со Марк Стејнс (56), со кого имаше два сина, Каи (18) и Ејвери (16).

Фотографија што ја сподели Марк Стејнс / Instagram

Со тешко срце ја споделувам со вас веста за загубата на мојата поранешна сопруга Леанза, мајката на нашите два извонредни синови. Ние секогаш ќе се сеќаваме на прекрасните моменти што ги доживеавме за време на нејзиниот краток престој овде на земјата. Се тешам дека Каи и Ејвори засекогаш ќе го имаат најдобриот ангел чувар кој ќе ги надгледува додека се движат низ животот“, напиша нејзиниот поранешен сопруг Марк на социјалните мрежи.

Instagram

Изминатите неколку години таа ја толкуваше улогата на Ариел во претставата што се одвиваше во живо во ресторанот на Дизни во Флорида.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот