Почина поранешен олимписки шампион, вакцината против ковид-19 ја прими предоцна

Силвестер Чолањ / фото: EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Поранешниот двократен олимписки шампион во гимнастика, Силвестер Чолањ почина во болница во Будимпешта како последица од коронавирусот.

Унгарските медиуми пренесуваат дека Чолањ во ноември мината година ги почувствувал првите симпоми на ковид-19 и оттогаш се наоѓа во болница, а во последните недели бил приклучен на респиратор. Сепак,на крајот ја загуби битката со коронавирусот.

Чолањ беше голем противник на вакцинацијата и на социјалните мрежи често делеше ставови на луѓето кои не сакаат да се вакцинираат, но подоцна го смени ставот и се вакцинираше. Очигледно е дека вакцината на Џонсон и Џонсон ја прими предоцна, пишуваат унгарските медиуми.

Силвестер Чолањ на Олимписките игри во Сиднеј 2000 година го освои златниот медал во дисциплината кругови, а четири години порано во Атланта во истата дисциплина го освои сребрениот медал.

Чолањ има освоено шест медали на светските првенства, од кои еден златен од СП 2002 и пет сребрени медали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот