Почина помладиот брат на Доналд Трамп

Помладиот брат на американскиот претседател Доналд Трамп и негови близок соработник Роберт (71) почина синоќа во болница во Њујорк, објави денеска претседателот Трамп.

„Со силна болка во моето срце, објавувам дека мојот прекрасен брат Роберт почина мирно минатата ноќ. Тој не беше само мојот брат, туку и мојот најдобар пријател”, се вели во изјавата на Трамп.

„Многу ќе недостасува, но ќе се сретнеме повторно. Споменот за него ќе биде во моето срце засекогаш. Роберт, те сакам. Почивај во мир”, изјави Трамп, кој во петокот го промени планот и слета во Њујорк за да го посети Роберт во болница. Блиски и соработници на американскиот претседател велат дека тој е видно тажен за смртта својот брат.

Засега не е позната причината за смртта на Роберт Трамп, еден од четирите браќа и сестри на американскиот претседател.

Извори за Си-Ен-Ен велат дека Трамп помладиот бил хоспитализиран во болница поради сериозно заболување, уште во јуни годинава.

Кога во петокот на брифинг со новинарите Доналд Трамп беше запрашан што се случува со неговиот брат, без да сподели детали, тој кусо одговори: „Имам прекрасен брат. Долго време негуваме одличен однос, од првиот ден. И тој е во болница сега. Се надевам дека ќе биде добро, но тој е многу… Тешко му е!“, рече американскиот претседател.

Белата куќа: Помладиот брат на Доналд Трамп пренесен на болничко лекување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот