Почина поетот Милан Терзовски

Утрово, на 89-годишна возраст, почина поетот Милан Терзовски. Роден е на 26 април 1930 година во Куманово. Член е на ДПМ од 1961 година. Автор е на збирките поезија: „Чекори во себе“ (1961), „Омарнина“ (1968), „Балади за Козјак“ (1973), „Постапалки“ (1981), „Галичица“ (1985), „Црно распаќе на песната“ (1991), „Сончев часовник“ (2001), „Азбучна молитва“ (2010).

Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на Скопските градски гробишта „Бутел“ утре, на 12.06.2019 година, во периодот од 10.30 до 11.30 часот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот