Почина Питер Брук, легендарниот театарски режисер

Фото: Профимедиа

Питер Брук, еден од најиновативните театарски режисери во светот, кој поставуваше моќни претстави на најчудните места, почина на 97-годишна возраст, објави денеска неговиот издавач. Брук, кој живееше во Франција од 1974 година, починал вчера во Париз.

Британскиот режисер, често нарекуван визионер, го искористи целиот свет како своја сцена, поставувајќи голем број дела, вклучително и многу смели верзии на Шекспир преку опера и хиндуски епови.

Претставите ги поставувал во спортските сали, напуштените фабрики, каменокршачите. Неговата продукција на Шекспировата драма на Сонот на летната ноќ во Шекспир Меморијалниот театар во Стратфорд во 1970 година го обезбеди неговото место во аналите на историјата на театарот.

Иако му се восхитуваа во театарските кругови, тој беше помалку познат на пошироката јавност поради неговото одбивање да се помири со комерцијалниот вкус.

Во 1970 година ја напуштил Британија и заминал во Париз, каде што го основал Centre international de créations théâtrales.

Од тој период се издвојува монументалната режија на епот Махабхарата (1985), која ја преземал истражувајќи ја актерската, лингвистичката, текстуалната и театарско-поетската продуктивност на меѓукултурните вкрстувања. Објавил и повеќе дела за театарот (The Empty Space, 1968; The Shifting Point: Theatre, Film, Oper 1946-1987, 1987; There Are No Secrets: Thoughts on Acting and Theatre, 1993, 1993).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот