Почина пејачот кој беше ѕвезда на Евровизија: Со години се бореше со тешка болест

Поранешната евровизиска ѕвезда од Ирска Рој Тејлор почина по битка со болеста на моторните неврони.
Семејството на музичарот ја потврди тажната вест преку објава објавена на страниците на социјалните мрежи на неговата хуманитарна организација „Чувај си го грбот МНД“ (Watch Your Back MND).
Тој се прослави кога неговиот бенд „Џамп д ган“ (Jump the Gun) учествуваше на Евровизија во 1988 година и се пласираше на осмото место.
Рој беше отворено збборувал за неговата битка со болеста на моторните неврони (МНД) и објавил бројни синглови за да собере средства за истражување на оваа состојба.
Болеста на моторните неврони (МНД) е ретка состојба која полека ги оштетува деловите на нервниот систем, што доведува до слабост и на крајот целосна дисфункционалност на мускулите.
„Со длабока тага сакаме да ја објавиме смртта на нашиот татко и херој Рој Тејлор. Преку неговата заразна позитивност во изминатите неколку години, тој постигна толку многу во борбата против МНД… Неверојатен татко и неверојатна личност и неверојатен музичар“, напишаа неговите деца.