Почина пејачката Нина Спирова!

инстаграм

Пејачката Нина Спирова, една од најпознатите македонски пејачки на сите времиња, почина денеска на 82-годишна возраст. Спирова е родена на 26 октомври 1938 година во Прилеп.

Нина има снимено голем број хитови, а едни од најнезаборавните се нејзините интерпретации на „Бог да бие кој прв почна“, „Пилето ми пее“, „Не си го продавај Кољо чифликот“, „Судбо моја, судбино“, „Зајди, зајди, јасно сонце“, „Кажи, кажи либе Стано“ и многу други.

Таа има снимено над 80 композиции само за музичката продукција на МРТВ, меѓу кои се и хитовите: „Молчи, молчи“, „Езеро мое“, „Далечен крај“, „Пелистерски очи“, „На овој ден“ итн.

Спирова има снимено сингл плочи на српскохрватски јазик, додека забележителен настап имала на фестивалот „Белградска пролет“ во 1964 година, со песната „Бела хризантема“.

Еден од најголемите евергрини кои секогаш ќе нè потсетуваат на Нина е хитот „Еден бакнеж“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот