Почина Мери Фредриксон, пејачката на групата „Роксет“

Фото: Википедија

Мари Фредриксон, пејачката на познатата група „Роксет“ почина во 62-та година од животот по долгата и тешка болест, тумор на мозокот, која ѝ е дијагностицирана во 2002 година.

„Со голема тага јавуваме дека една од нашите нагјолеми и најсакани уметници повеќе ја нема. Фредриксон почина утрото на 9 декември од последиците на болеста“, пишува во соопштението од семејството.

Мари зад себе ги остави сопругот Микаел Болиос и двете деца, ќерката Инез Џозефин и синот Оскар.

Ќе остане запаметена по хитовите „It must have been love“, „Joyride“, „The look“, „Listen to your heart“ и многу други.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот