Почина новинарот Трајче Јованов

Трајче Јованов
Фото: Facebook

По кратко боледување на своја 60-годишна возраст почина новинарот Трајче Јованов, долгогодишен раководител на прес службата на фестивалот „Макфест“.

Јованов најголем дел од својата новинарска дејност ја поминува во радио Штип, од каде по згаснувањето на радиото продолжува во Angels FM. На јавноста ѝ е познат по својата професионалност и големиот удел во прес службата на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, позиција која ја изведува од 1988 година.

Негува и љубов кон актерството, која ја започнува во Драмското студио при Домот на културата во Штип, а аматерски учествува во монодрами и претстави во текот на својот живот.

Активен и на политички план, беше секретар на Социјалистичка младина, и член на првиот Совет на општина Штип по осамостојувањето на Македонија.

Сочувство до семејството, нека почива во мир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот