Почина новинарот Киро Герасимов

Киро Герасимов
Киро Герасимов / Фото: МИА

Почина новинарот, поет, есеист и хроничар на Кочани, Киро Герасимов синоќа, во 72-рата година од животот.

Повеќе од три децении Герасимов беше дописник на Македонската радио-телевизија и зад себе остави бројни записи за локалните и за регионалните општествено-политички случувања. Подготви бројни репортажи и документарни емисии посветени на луѓе и настани од Кочанско.

Автор е на седумдесетина дела, од кои голем дел се посветени на културниот живот на Кочани. Има издадено и неколку поетски збирки, меѓу кои и препеви од словенечки јазик, а последните години работеше на едицијата „Богатство запишано во времето”.

Добитник е на Годишната награда за новинарство на МРТВ, на Седмосептемвриската награда на Кочани и на други награди и признанија.

Посмртните останки ќе бидат погребани в четврток, на 19 мај 2022 година, на Градските гробишта во Кочани.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот