Почина новинарот Иван Андреевски-Маче

Почина Иван Андреевски, познат новинар и уредник во Македонската телевизија, познат и како Иван Маче.

Роден е на 25 јуни 1947 година, во Доленци, Демирхисарско. Завршил студии по политички науки во Белград и од 1971 година стапил на работа во Македонската радиотелевизија, како нејзин стипендист. Работел на репортажи, документарни филмови, фељтони. Бил директор и одговорен уредник на Телевизија Скопје (1986-1990); ангажиран од Ројтерс, Слободна Европа, Јутел и како претседател на Здружението на новинарите на Република Македонија. Од 2006 година бил член на Советот за радиодифузија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот